13:54 - 3 април, 2026

Ведрана Рудан открива каков тип рак има и какви се прогнозите: „Од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци да го изневериш мажот…“

ведрана рудан

Ведрана Рудан го шокираше регионот со веста дека има рак, а сега откри за каков тип се работи и какви се прогнозите.

Хрватската писателка се огласи на социјалните мрежи, а нејзините фанови шокирано го прочитаа нејзиното соопштување.

„Ви јавив дека имам рак, па сега сигурно ќе ве интересира како мојата приказна понатаму се развива..Мојот рак е *бено редок, се вика рак на жолчните канали. Не го прочитав ни отпусното писмо, ни типот, ни Интернет прогнозите. Додуша, некаде налетав дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци да го изневериш мажот, да се испокараш со децата или љубовникот да го отераш во к*рац. И не е некој рок. Само пет отсто среќници можат да се оперираат. Таа сум – напиша Ведрана.

Во долгата објава Ведрана ја опиша и операцијата и престојот во болница.

„Ми го спалија и ракот и џебот зашто не „влегов во квота“. Имено, државата има договор со иснтитуциите според кој одреден број Хрватки и Хрвати влегува „во квота“. Останатите или ќе цркнат од рак или во помош им скокнуваат пријателите. Фала ви пријатели! Се разбора дека повластните граѓани на оваа земја се „во квота“ уште пред да добијат рак, но тоа го знаеме. Јас дури и го дознав и името на ликот кој ме прекрсти иако тој податок не го барав“, истакна Ведрана која потоа заминала во приватна клиника да се лекува, во која – како што истакнува – работат надлуѓе.

Објаснува дека била оперирана, и дека останала без „парче црн дроб“. Понатамошното лекување на рако, за писателката продолжува.

 

 

 

 

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....