4.8 C
Скопје
21:37 - 11 март, 2026

„Варка“, нова песна на Боби Павловски на српски јазик во македонски дух

Боби Павловски ја претставува својата најнова песна насловена „Варка“. Иако композицијата е снимена на српски јазик и е дел од најавениот албум наменет за пазарот во соседството, песната носи длабоко вкоренет македонски дух, и во музичкиот ритам и преку визуелниот наратив.

Со „Варка“, Боби речиси го заокружува проектот што во изминатиот период го создаваше специјално за регионалната публика. Овојпат, како кулминација, одлучи да внесе дел од својата душа и идентитет – со ритам во автентични 7/8, препознатлив за македонската музичка традиција. Иако продукцискиот тим на видеото доаѓа од Босна, снимањата се реализирани на повеќе локации низ Македонија, со цел да се прикаже природната убавина и сликата за татковината преку едно поинакво уметничко око.

„Презадоволен сум од финалниот производ – музички, визуелно, енергетски. Особено ми е драго што успеавме да го вклопиме карактеристичниот македонски ритам во песна што е насочена кон регионалниот пазар и да покажеме нешто наше, автентично македонско. Верувам дека публиката ќе ја препознае мојата искрена желба да останам верен на корените, на сето она што го носам во себе и од каде што потекнувам“, вели Павловски.

Музиката и текстот на „Варка“ се дело на Драган Пејиќ – Пеја, а аранжманот го потпишуваат Пеја и Бобан Василески. Видеото, реализирано во соработка со Area 7 Entertainment, нуди визуелен наратив кој ја слави македонската природа, традиција и ритам, пренесени преку свежа визуелна естетика.

Покрај современиот поп звук и регионалната лирика, песната содржи и традиционални елементи – тапан како симбол на ритмичката моќ и фолклорната традиција, што уште повеќе ја зајакнува македонската нишка во овој креативен спој на старо и ново.

„Варка“ се приклучува кон веќе објавените песни од проектот – Лавиринт“, „Поносан“, „Калдрма“, „Заблуда“, „Самица“, „Тамо негде“, „Метар дана“, „Не оклевај“ и „Стара рана“ – комплетирајќи едно музичко поглавје кое не е само албум, туку и порака дека автентичната македонска музика и култура можат гордо да стојат и во пошироки рамки, достојно претставувајќи ја Македонија надвор од нејзините граници, а спотот можете да го видите ТУКА.

 

 

Слични објави

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....