7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

Тори Спелинг ја откри тајната романса на Мадона со актерот од „Беверли Хилс, 90210“: А еве што рече за колешката Шенон Доерти

Актерката Тори Спелинг неодамна зборуваше за тоа како нејзиниот колега од серијата Беверли Хилс, 90210, Лук Пери (роден во 1966, а почина во 2019) тајно излегувал со пејачката Мадона.

Таа се присети на неговата исповед во подкаст посветен на серијата.

„Никогаш нема да заборавам како ме повлече во соблекувалната и ми кажа. Се чувствував како да ми верува толку многу, Боже, ми зборува за Мадона!“ – вели ѕвездата.

Пери, рече таа, дури ѝ ја пуштил и аудиопораката што Мадона му ја испратила и била регистрирана на неговата телефонска секретарка.

„Му реков – ти си најкул човек на земјата. Прво, затоа што си Лук Пери, и второ, затоа што те сака Мадона!“ – рече Спелинг.

Мадона и Пери често се појавуваа во текстови на таблоидите во 1992 година, тие не ја криеја својата романтична врска и дури се бакнуваа пред папараците, но никогаш не даваа изјави за аферата.

Во 1993 година, Лук Пери се ожени со актерката Рејчел Шарп. Потсетуваме дека Пери почина во 2019 година. Почина на 52 години, пет дена откако претрпи тежок мозочен удар.

На 14 јули годинава, почина и актерката Шенон Доерти, позната како Бренда од серијата ,,Беверли Хилс 90210”.

За време на последната епизода на поткастот „90210MG“, кој го води со нејзината колешка Џени Гарт, Спелинг рече дека е „крајно благодарна“ што имала можност да разговара со Доерти за последен пат. Инаку, Спелинг и Гарт не беа во добри односи со Доерти за време на снимањето на серијата „Беверли Хилс, 90210“, но се обидуваа да ги надминат проблемите.

„Искусив многу смртни случаи и не верувам во каење“, рече Спелинг.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....