14.8 C
Скопје
15:40 - 17 март, 2026

Том Круз „заробен“ во Италија: Не излегува од хотелот поради коронавирус!

Актерот Том Круз (57) е присилен да остане во луксузниот хотел во Венеција после снимањето на филмот „Mission: Impossible 7“, поради појавата на коронавирусот во Италија, пишува Daily Mail. Том пристигна во Италија пред неколку дена, а сега „заглави“ во хотелот „Gritti Palace“ и снимањето на филмот се одложи се додека не се види расплетот на ситуацијата со коронавирусот.

Ноќевањето во луксузниот хотел во Венеција каде што моментално престојува Круз чини 640 евра.

View this post on Instagram

Summer 2020. #TopGun

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise) on

Како што пишуваат странските медиуми, Том не би смеел да излезе од хотелот до 1 март, додека продуцентите не одлучат што понатаму ќе се случува со снимањето. Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021 година, но поради застојот со снимањето можно е да доцни. Филмот „Mission: Impossible 7“ го продуцира Кристофер Мекваер (51), а покрај Том Круз глумат и Ребека Фергусон (36) и Хејли Атвел (37).

Twitter/Printscreen

Никој од филмската екипа не е заразен. Италијанските медиуми јавуваат дека досега починале 7 жртви од коронавирус во Италија, а бројот на заразени расте.

Мажот за којшто се претпоставуваше дека е „пациент нулта“ е негативен на коронавирус. Италијанските медиуми открија дека има 222 заразени, а 101 се уште во болница. На интензивна нега се наоѓаат 27 пациенти, а 94 се во домашна изолација.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin
Се вчитува....