23:52 - 18 декември, 2025

„Тој сè повеќе тоне“: Ким Кардашијан и нејзините деца се исплашени од Канје Вест

Ѕвездата на реалните шоуа Ким Кардашијан и нејзините деца се исплашени поради сè полошата состојба на Канје Вест, кој, според извори, „тоне сè подлабоко“ во својата ментална болест.

Изминатата недела била особено тешка за Кардашијан, која итно побарала сослушување за старателството откако дознала дека на посетата на Вест кај нивната најстара ќерка, Норт, ќе присуствуваат и контроверзните браќа Ендру и Тристан Тејт.

Кардашијан е вознемирена и поради тоа што Вест објавил песна во која учествува Норт. Песната е снимена во соработка со Шон „Диди“ Комбс, кој во моментов е во затвор под сомнение за рекетирање, трговија со луѓе и други кривични дела. Поради ова, Кардашијан сериозно размислува да поднесе барање за целосно старателство над нивните четири деца.

„Норт го сака. Не можам да зборувам за другите деца, но таа дефинитивно е таткова ќерка. Но, ова мора да е застрашувачко за Ким“, изјави извор за „Пејџ сикс“.

Ким Кардашијан, Канје Вест и децата / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Да потсетиме, Кардашијан и Вест беа во брак од 2014 до 2022 година и имаат четири деца – ќерките Норт и Чикаго и синовите Сејнт и Псалм. Нивниот развод главно беше предизвикан од менталните кризи на Вест, но тие се договорија да го делат старателството. Сепак, Кардашијан повеќе пати изјави дека се чувствува како самохрана мајка.

„Без разлика каква помош имам, всушност сама одгледувам четири деца“, изјави таа.

По разводот, Вест се ожени со Бјанка Ценсори, со која помина шест месеци на турнеја надвор од САД, а последниве месеци живее во Јапонија.

Канје Вест и Бјанка Ценсори / Фото: GAMR/BIGKHROME / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Извори тврдат дека Вест не поминува многу време со своите деца, иако често ги споменува на социјалните мрежи. Последниве денови тој имаше испади против поранешната сопруга, нарекувајќи го нејзиното семејство „Кардашијан мафија“ и дури ја обвини за трговија со луѓе.

Многумина веруваат дека неговите испади на Икс се последица на менталните проблеми. Тој самиот претходно откри дека му е дијагностицирано биполарно растројство и аутизам, но не ја лекува правилно својата состојба.

„Очигледно не ги зема своите лекови. Да ги земаше, немаше да бидеме овде. Тој не оди на подобро, не се однесува рационално и тоне сè подлабоко. Има толку многу негативност – не мислам дека ќе се извлече од ова“, вели извор.

Откако се врати во САД, Вест бил во друштво на контроверзни личности, меѓу кои и Ник Фуентес, познат по тоа што го негира холокаустот, како и браќата Тејт, кои беа уапсени во 2022 година во Романија под обвиненија за трговија со луѓе.

Ким Кардашијан и ќерка ѝ Норт / Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Поради нив, Кардашијан веднаш го прекинала дружењето на Вест со Норт, откако обезбедувањето ја предупредило дека браќата Тејт ќе бидат присутни.

Таа дополнително се загрижила откако Вест објави песна со наслов „Lonely Roads Still Go To Sunshine“, која подоцна ја избриша. Песната започнува со разговор меѓу Вест и Диди, кој наводно не знаел дека е снимен, а потоа се слуша и гласот на Норт.

По бришењето на песната, Вест ја нападна Кардашијан, најавувајќи „војна“ за да добие права на името на нивната ќерка.

„Ким го заштити името Норт за да спречи некој друг да го користи, а Канје претходно се согласил со тоа“, вели извор.

Во своите објави, Вест изјавил дека средбите со децата му изгледаат како „посета во затвор“ и дека сака да учествува во нивното воспитување, а не само повремено да ги гледа.

Ким Кардашијан со децата / Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Во 2022 година, Кардашијан изјави дека се развела од Вест затоа што повеќе не можела да го оправдува неговото однесување.

„Претходно трчав наоколу, ги контактирав луѓето зад неговиот грб и ги молев да му дадат уште една шанса. Но, веќе немав енергија за тоа“, изјави таа.

Покрај нападите врз семејството Кардашијан, Вест во последно време има испади и против Евреите, јавно изјавувајќи дека е нацист и дека „го сака Хитлер“.

„Дали би ги изложиле своите деца на свастики? Ким не сака нејзините деца да бидат во контакт со говор на омраза“, вели извор.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....