13:24 - 9 април, 2026

Тијана Дапчевиќ без влакна на јазикот: Нема потреба да се додаваат нови вируси во општеството, и овој што го имаме е сосема доволен

Пејачката Тијана Дапчевиќ на Инстаграм објави стара фотографија на која се гледа како вади компири, а нејзиниот статус привлече големо внимание.

„Компири… и што сега? Не ме мрзеше, „скролав“ до 21 август 2012 година само за да ја најдам фотографијава.

Не се занимаваме со музика само затоа што нè мрзи да копаме компири или да не ги извалкаме рацете и фустаните, туку затоа што го сакаме тоа.

Јас музиката не ја сакам, јас ја дишам. Не можам без неа, во сè и во секого прво слушам звук. Ниту на еден концерт не сум отишла со ставот „Ај да го завршам ова, па да си одам“. Не доаѓам ништо да завршам, туку да започнам журка. Да ја видам секоја ваша реакција, да пееме заедно. Работа ми е да ви биде убаво тие два часа. Кога ви е убаво, добивам енергија со која би можела да ја помрднам планетата, ете така се чувствувам.

Ги сакам и сите оние делови од мојата работа кои вие не ги гледате, а тука сега нема доволно место за сè да ви раскажам, ама тоа сега не е ни важно.

Важно е сите да одберат да го прават во животот тоа што го прават најдобро.

Важно е да го почитувате и автомеханичарот, забарот, водоинсталатерот, земјоделецот, касиерката…, затоа што секоја работа е важна за општеството. И уметноста е важна, верувајте дека светот би изгледал многу поинаку да нема музика, филмови, книги, слики, фотографии…

Никој не ве спречува да се занимавате со музика, никој не ве спречува да бидете на телевизија, имате полно право да правите што сакате, само штета е тоа право да го искористите да закопувате туѓи животи и да сеете завист над оној што поради моментната ситуација нема работа.

Сите сме на иста планета, сите сме во иста ситуација, навистина нема потреба да се додаваат нови вируси во општеството, мислам дека овој што го имаме е сосема доволен“, напиша Тијана.

Instagram

Слични објави

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Еспресо

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

E.A.

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо
Се вчитува....