5.8 C
Скопје
03:27 - 1 април, 2026

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ го прослави 27. роденден: Блеска во бел фустан, а од дечкото ниту трага ниту глас

Пејачката Теодора Џехверовиќ го прослави својот 27 роденден во елитен локал во срцето на Белград, а тимот на српски „Курир“ успеа да „улови“ неколку секунди од лудата забава на пејачката.

Теодора пристигнала на прославата нешто по 11 часот, во придружба на членовите на семејството и најблиските пријатели.

Роденденската атмосфера била на завидно ниво.

Инаку, Теодора не се огласи оваа прилика на социјалните мрежи, освен што сподели фотографија од торта со интересна порака: „Постара, помудра и посекси од кога било“.

Теодора блескала во долг, бел, тесен фустан во облик на корсет во горниот дел, а како што може да се види од снимката, таа цело време танцувала со своето друштво.

Со неа цело време бил нејзиниот брат Саво, која на крајот на вечерта ги носел подароците кои Теодора ги добила од пријателите.

Нејзиниот дечко, кошаркарот Матица Ребец не бил со нив, веројатно затоа што пејачката не сака да ја разоткрие врската со него или поради деловните обврски бил спречен да дојде на роденденот на својата девојка.

Видеото од родендеската прослава на Теодора можете да го погледнете на овој линк – ТУКА.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....