13.8 C
Скопје
23:58 - 1 мај, 2024

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Марина Туцаковиќ – „Мајката“ на најголемите балкански хитови

марина туцаковиќ

Марина Туцаковиќ по долгата борба со тешката болест, почина на 67-годишна возраст, потврди нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.

„Вистина е. Не ме прашувајте ништо. Ви благодарам за разбирањето“, изјавил Фута за српски „ТЕЛЕГРАФ“.

По некои охрабрувачки вести во последно време, дека нејзината здравствена состојба се подобрува, следеше најтажната – Марина не успеа да се спаси од канџите на страшната болест.

СИНОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ ЈА ЗАГРИЖИ ЈАВНОСТА: Мајка ми има тешко гушење, помош

Дека нејзиното здравје и закрепнување се влошува, на својот твитер-профил објави нејзиниот син Милан Радуловиќ, кој на 14 септември молеше за помош велејќи дека неговата мајка има тешки гушења.

„Тежи околу 45 килограми. Нејзиното тело многу лошо поднесува се што се случува. Последните неколку дена беа многу, многу лоши. Требаше да оди на зрачење, сепак, таа е премногу слабА за зрачење“, рече синот на Туцаковиќ на 14 септември.

Како Марина стана „мајката“ на балканската музика

Родителите на Марина сакале да заврши факултет и да продолжи со сериозна професија, но судбината имала поинаков план. Имено, Марина дипломирала на Економскиот факултет, а потоа музиката тивко влегла во нејзиниот живот.

„Одев на Шестата белградска гимназија и имаше многу неопределени луѓе. Каде да продолжам, што да бидам… Во тоа време, економијата беше многу популарна. Можеше полесно да се најде работа. Сакав да бидам туристички водич! Сепак, се поврзав со еден тим тука. Правеа некои песни и тоа ме влечеше, ме влечеше! Секоја мелодија ме привлекуваше кон некои зборови… не ни знаев дека имам талент за тоа. Се ми беше поинтересно. Одев на проби со нив… Така, го напуштив факултетот и се префрлив на она што ме влечеше, сосема неизвесно“, во една прилика изјави Марина.

МАРИНА ТУЦАКОВИЌ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Музичката легенда се бори за живот

„Малку по малку почнав да пишувам… Бев секретарка во џез здружение со Бубиша Симиќ и Пеца Вујиќ, во улицата Душанова. Тоа ми беше многу интересно. Учествував во организацијата на Белградска пролет, каде што ја запознав Сања Илиќ, со која започнав посериозно да се занимавам со овој бизнис. Тоа ме воведе во овој свет“, објасни еднаш Туцаковиќ кога гостуваше во емисијата „Шта сам теби и ко сам себи“.

Марина Туцаковиќ соработуваше и е одговорна за успешните кариери на многу балкански ѕвезди како Цеца, Оливер Мандиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Весна Змијанац, Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Џеј, Жељко Самарџиќ, Аца Лукас, Саша Матиќ, Ана Николиќ, Наташа Беквалац, Жељко Јоксимовиќ, Северина, Неда Украден…

Најголемата трагедија што ја снајде беше смртта на нејзиниот син Милош, во декември 2008 година. Милош почина на 24-годишна возраст, како резултат на предозирање.  Марина потоа се повлече од шоуто „Операција триумф“, во кое беше член на жирито. Но, успеа да собере сила и да ја продолжи кариерата.

Беше во брак со композиторот Александар Радуловиќ Фут, со кого има уште еден син – Милан Радуловиќ.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....