8.8 C
Скопје
04:50 - 4 април, 2026

Тажен ден за Нина Бадриќ: „Поминаа 11 години откако не си со мене, секој ден те паметам“

Пејачката Нина Бадриќ пред 11 години го загуби својот татко со кој беше многу блиска.

Таа сега на Инстаграм објави негова фотографија со емотивен опис. Како што истакна, не поминува ден, а да не се сети на него – и тоа веќе цели 11 години.

„Поминаа скоро 11 години откако не си со мене. А гледаш… секој ден те паметам… Некој ќе каже некоја реченица, а јас ќе помислам: ‘Ех, тоа истото ќе го кажеше и мојот татко.’ И во сè твое себе се препознавам… Не стигнав да ти кажам дека за сè беше во право, тато. Само тогаш не разбирав. Беше мојата чест, благост, нежност, скромност и потпора. Чувајте ги вашите родители додека сè уште се покрај вас, затоа што кога ќе заминат, овој свет добива сосема друга боја. Среќен Ден на татковците“ – напиша Нина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Пејачката своевремено изјави дека не се занимава со минатото, туку гледа само напред.

„Поминаа и тие времиња кога се занимавав со минатото и погрешните одлуки. Сега гледам само кон иднината и се фокусирам на она што го живеам. Секако дека направив грешки кои ме чинеа многу, но жалењето за нив е изгубено време. Нареден пат ќе бидам помудра!“, рече еднаш Нина.

„Немам стравови. Од ништо и никого. Многу работам на себе и сфатив дека нашите стравови се имагинарни. Што треба да се случи, ќе се случи. Човек не треба премногу да си ја оптоварува главата со нешто што сè уште не се случило. Всушност, лажам… Се плашам од змии и не сакам да ги сретнам – ни на две нозе, а ни оние што лазат“,додаде таа тогаш за „Блиц“.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....