09:27 - 25 август, 2026

Тања Савиќ откри каква сака да ѝ е свадбата: „Би сакала да ми пее Десингерица!“

Познатата пејачка Тања Савиќ вчера организираше дружење со фановите, на кое присуствуваа голем број луѓе.

Пејачката беше одлично расположена, често се смееше, а нејзиниот стајлинг не остана незабележан. Таа беше во деколтирана маичка, па погледот на многумина остана на нејзините атрибути.

Во таа прилика, Савиќ проговори за потенцијалната свадба со нејзиниот дечко.

„Јас би почнала со 70 луѓе, а на крај би имало 1.000 гости. Би пееле сите добри пејачи, Злата Петровиќ, Илда Шаулиќ, и Десинџерица би ја поканила“, изјави таа.

Инаку, познатиот водител Жика Јакшиќ неодамна не можел да го сокрие воодушевувањето од Тања Савиќ. Тој изјавил дека би ја оженил, што ги насмеало сите на снимањето на емисијата.

„Гледај ја Тањица, браво за неа. Каква убавица си, жими мајка. Поубава си сега отколку пред десет години. Жими мајка, ако пак се женам, само тебе би те зел. Ти ќе си ја работиш својата работа, јас својата, не мора ни да се гледамее“, се пошегувал Жика.

„А како после ќе се разведеш?“, се надоврзал еден од натпреварувачите во шоуто „Никогаш не е доцна“ со смеа.

„Немам јас што да се разведувам од Тања, не мораме ни да се гледаме“, одговорил Жика, а Тања не останала рамнодушна и признала дека Жика ѝ е многу драг.

„Знам дека Жика се шегува. Се знаеме со години и сака да каже дека сум станала вистинска жена“, изјавила Тања Савиќ тогаш.

Слични објави

Ела Дворник призна што најмногу ѝ недостига: „Едвај чекам да се вратат“

Еспресо

Хороскоп за 25 август: Лавовите ќе имаат романтична средба, Стрелците ќе бидат креативни

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ позираше со 19 години помладата сопруга: Таа е ќерка на пребогат Турчин

Еспресо

(Фото) Специјално изненадување од Слаткар за Каролина во Битола: „Златен си!“

Еспресо

(Фото) Некои грешки со задоволство би ги повторил пак: Драган Спасов-Дац откри што би му кажал на младиот Дац

Еспресо

Маја Вукиќевиќ во спомен на мајка ѝ: „Сакам времето да не го избрише она што го остави зад себе“

Еспресо
Се вчитува....