6.8 C
Скопје
02:34 - 31 март, 2026

Тајната на Викторија Бекам: Листа на најдобри и најздрави производи за блескава кожа

Исхраната има големо, дури пресудно влијание на изгледот и убавината на нашата кожа, а тоа посебно се однесува на кожата на лицето. Нејзиниот изглед е одраз на нашето здравје, а нездравите производи и неурамнотежената исхрана предизвикуваат изморен изглед, сув тен, појава на акни… Тоа многу добро го знае модната дизајнерка Викторија Бекам, која за да има блескав тен, секој ден јаде лосос.

instagram

– Имав многу проблематична кожа, а потоа во Лос Анџелес го запознав дерматологот Херолд Ланкер, кој е навистина неверојатен. Ми рече да јадам лосос секој ден. Зачудено го прашав, „Навистина баш секој ден?“, тој рече „Да, за појадок, ручек и вечера“ – вели познатата „спајсица“.

Доколку не можете да ги следите гастрономските навики на Викторија Бекам, сепак водете сметка што јадете, а листата на најдобри и најздрави производи за блескава кожа на лицето е следна:

Авокадо

Авокадото е богато со Б комплекс, кој ја храни кожата внатрешно и надворешно. Витаминот Б3 (ниацинот), важен е за здрава кожа, а ја негува иритираната и оштетената кожа однадвор.

Манго

Кралот на овошјето, мангото, го содржи витаминот А, а недостатокот од тој витамин резултира со сув тен. Витаминот А делува како антиоксиданс и се бори против слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење.

Зрнесто овошје

Зрнестото овошје, како што се боровинки, малини, капини, брусница, богато е со антиоксиданси и фитохемикалии, кои ги штитат ќелиите на кожата.

Домати

Ликопенот кој се наоѓа во доматите помага во борбата против слободните радикали и ја штити кожата од УВ зраците. Повеќе ликопен и нутрионати кои штитат од сонцето ќе ги добиете во сосот од домати.

Зелен лиснат зеленчук

Во спанаќ, кељ, брокула и друг зелен лиснат зеленчук, но и во морковите се наоѓа витаминот А, кој ја чисти кожата од акни.

Бадеми

Бадемите се богати со витаминот Е кој ја хидрира сувата кожа и ја штити од оштетување кое го предизвикуваат УВ зраците, како и од прерано стареење.

Кравјо сирење

Млечните производи се богати со калциум и селен. Главниот минерал селен, во комбинација со витаминот Е се бори против слободните радикали и делува како силен антиоксиданс.

Зелен чај

Состојката на зелениот чај катехин, ја штити кожата од прерано стареење и оштетувањата предизвикани од УВ зраците, како и од рак на кожата.

Компир

Секако мрсните пржени компирчиња не се здрави за кожата, но печениот компир е богат со бакар, минерал кој со витаминот Ц и цинкот произведува еластински влакна, кои се важни за структурата на кожата.

Ленено и маслиново масло

Омега 3 масната киселина е важна за здрава кожа, а за оние што не сакаат риба, одличен извор се лененото и маслиновото масло. Есенцијалните масни киселини добро делуваат на порите и го контролираат лачењето на себум.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....