10.8 C
Скопје
09:59 - 10 април, 2026

Се огласија организаторите на Евровизија: Дали навистина имало дрога во Зелената соба?

Годинешното Евровизиско шоу ќе остане запаметено по добрата забава, уникатни песни и изведби, но и по бројните скандали. И самата победа на италијанскиот бенд „Måneskin“ беше засенета од бројните ексцеси во духот на рокенролот, но една сцена за време на вклучувањето во живо од арената „Ahoy“ додека траеше соопштувањето на гласовите, крена најмногу прашина…

Откако фронтменот беше обвинет за земање кокаин и дивеење по победата се огласи организаторот на Евровизија, објавувајќи дека истрагата покажала дека немало случај на употреба на дрога во Зелената соба.

Набргу беа повлечени обвинувањата против фронтменот на победничката група Дамиано Давид кој уште од самиот почетокот тврдеше дека станува збор за недоразбирање. Дамиано најпрво ги сподели резултатите од истрагата на својот инстаграм-профил.

Потоа сподели уште една среќна вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

– „Zitti E Buoni“ е на деветтото место на глобалната листа на „Spotify“. Ова е италијанска песна со најголем стриминг во историјата, вакво нешто досега не се случило. Како што ви рековме, рокенролот никогаш не умира – истакна пејачот во објава на својот инстграм-профил.

За потсетување, групата „Måneskin“ ја однесе победата во својата земја по повеќе од 30 години, а следниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во Италија.

Слични објави

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо
Се вчитува....