14:11 - 1 април, 2026

Ќерката на Клинт Иствуд уапсена поради семејно насилство: Го натепала своето момче

Франческа Иствуд, ќерката на познатиот актер и режисер Клинт Иствуд, е уапсена под обвинение за семејно насилство во Беверли Хилс, пишува „Њујорк пост“.

Портпаролот на полицискиот оддел Беверли Хилс рече: „Во саботата (12 октомври), околу 22.42 часот, полицискиот оддел одговори на повик за можен инцидент – семејно насилство. Полицајците спроведоа истрага и, врз основа на изјавите и повредите, Франческа Рут Фишер Иствуд од Лос Анџелес беше уапсена за кривично дело ‘семејно насилство’“.

Според информациите, Иствуд се скарала со своето момче додека возела низ Беверли Хилс. Расправијата, наводно, ескалирала и станала физичка. Откако полицијата дошла и ги земала изјавите на двете страни и ги проценувала повредите, кои според медиумите ги имал дечкото, полицијата ја уапсила Иствуд.
Нејзиниот партнер одбил лекарска помош, а Иствуд била пуштена од полициски притвор откако платила кауција од 50.000 долари. Полицијата не го објави идентитетот на наводната жртва во согласност со законите во Калифорнија.

Името на партнерот не е објавено, но „Дејли бист“ пишува дека Франческа Иствуд е во врска со актерот Александар Врејт. Двојката го има шестгодишниот син Титан.

Тие ја официјализираа својата романса на црвениот тепих во 2018 година. Актерката во тоа време беше бремена со нивното дете.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....