Познатата актерка сподели семејна фотографија.
Сите ја памтите по духовитата улога, но Бети Суарез денес не воопшто грда, туку израсна во прекрасна жена.
Актерката Америка Ферера (35), која врвот на славата го достигна со улогата на „Грдата Бети“ во истоимената серија, ги израдува фановите кога соопшти дека е бремена и дека во 2020 година ќе го добие своето второ дете.
Познтата актерка на друштвената мрежа Инстаграм објави семејна фотографија на која нејзиниот сопруг Рајан Пјерс Вилијамс и едногодишниот син Себастијан, го галат нејзиниот труднички стомак.
„Добредојде бебе број два во 2020 година! Среќна Нова година на сите од нашиот див и растечки чопор“, напиша Америка, додека се нижеа честитките испод фотографијата.
„Има многу нешта на кои се радуваме во 2020 година, но оваа мала работа најмногу се истакнува. Едвај чекаме да дочекаме уште едно прекрасно суштество на овој свет. Среќна Ви Нова година“, се пофали на Инстаграм и гордиот татко.