14:38 - 10 ноември, 2026

Свекрвата на Кајли Џенер НЕНАМЕРНО го откри името на нејзиниот внук. Не е Волф, туку …

кајли џенер

По раѓањето на синот на Кајли Џенер и Тревис Скот сите се интересираа како ќе се вика нивното второ дете. Кајли прво објави дека се вика Волф, но по неколку недели се предомисли, а нејзините следбеници се уште се во неизвесност

Најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер пред нешто повеќе од месец и половина го роди нејзиното второ дете. Кајли Џенер најпрво го нарече својот син Волф, но по некое време се предомисли и, како што напиша на социјалните мрежи, едноставно не чувствувала дека тоа е соодветно име за мало дете. Иако досега не зборуваше за бременоста и породувањето, односно само кажа дека тешко го поднесува постпородилниот период, таа пред два дена на својот јутјуб канал објави видео со наслов „За мојот син“ во кое за девет и пол минути опишува како изгледала нејзината бременост.

Во видеото се појавува нејзината свекрва, мајката на Тревис Скот, која најверојатно го откри вистинското име на бебето. Таа ја фали својата снаа, велејќи дека е најдобрата мајка што нејзината прва внука може да ја има, рече дека ја сака, а потоа додаде дека го обожава и бебето Џек. Фановите на Твитер се убедени дека тоа е името на второто дете на Џенер и Скот, а сега се чека конечна потврда од мајката.

„Сите сме многу возбудени што Сторми ќе биде постара сестра. Сторми, возбудена си?“, ја прашува Крис внуката, на што девојчето само срамежливо мрмори дека е возбудена.

Се појавуваат и сестрите Ким и Клои кои велат дека едвај чекаат да го запознаат новото бебе, а нивната мајка низ солзи му порачува дека доаѓа во фантастично семејство со зборовите „Ќе имаш многу братучеди и братучетки, прекрасен живот“.

Кајли во видеото открива и дека омилена храна за време на бременоста и било црвеното месо, а го јадела и за ручек и за вечера. Таа сподели и снимки од породилната сала и првиот плач на бебето. А колкаво е влијанието на оваа млада мајка може да се види од огромниот број прегледи и споделувања.

(ВИДЕО) Кајли Џенер МУ ГО СМЕНИЛА ИМЕТО НА СИНОТ: Нашиот син веќе не се вика Волф

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....