19:45 - 5 април, 2026

Стихот како судбина: Џеј почина на денот кој го опеа својот најголем хит!

Прославениот фолкер Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст поради проблеми со срцето.

Иако е роден во Белград, Џеј имаше македонско потекло, односно неговите родители биле Роми од Ресен. За веста која го растажи целиот Балкан, многумина прокоментираа дека тој починал токму на денот кога ја отпеа својата позната песна и голем хит „Недела“.

„Недела, и сите сте тука, а јас не сум со вас“, гласат стиховите на песната.

https://www.youtube.com/watch?v=3eMwN2K7tNc

Малкумина знаат дека на славниот пејач, неговата наставничка му помогнала најмногу во животот и дека тој ја гледал како негова мајка.

„Џеј одеше во нашето училиште, негов учител беше Даница Пекиќ. Таа го пронајде како плаче на улица и го донесе на училиште. Тој рече дека таа за него била како мајка и дека да не беше таа, тој никогаш немаше да тргне по вистинскиот пат. Даница му купи книги, облека и се грижеше за него. Беше на училишната прослава, па низ солзи зборуваше за Даница, многу ја сакаше“, изјавил за „Блиц“ претходно Драгомир Ивановиќ.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....