6.8 C
Скопје
07:48 - 1 април, 2026

Српскиот пејач Тозовац остана без глас: Докторите ми ги уништија гласните жици!

Легендата на српската фолк музика, Предраг Живковиќ – Тозовац во мај минатата година ја оперираше каротидната жлезда, а набргу по операцијата изјави дека е добро и дека нема сомнеж дека ќе може повторно да пее.

За жал, Тозовац сега рече дека повеќе нема да имаме можност да го слушаме, барем не во живо, бидејќи тој остана без својот прекрасен глас.

– За жал, лекарите ми ги уништија гласните жици за време на операцијата. Отпрвин имав проблем и со говорот, но за среќа тој ми се врати. Сега зборувам нормално, но не можам да пеам. Сега можам само да потпевнувам – вели пејачот и додава дека тој одбил да оди на операција на гласните жици.

– Тие ми предложија интервенција на моите гласни жици, но јас сум скептичен. Се надевам дека со тек на време ќе се опорават самите. Да бев неколку децении помлад, веројатно ќе страдав затоа што не можам да пеам, бидејќи музиката е мојот живот – рече Тозовац.

Човекот кој ги отпеа легендарните песни „Јеремија“, „Влајна“, „Празна чаша“, „Ваму цигани“… истакнува дека би сакал повторно да го земе микрофонот во раце, но додава и дека по операцијата продолжил да живее како да има 20 години.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....