11:02 - 31 март, 2026

СОЛЗИТЕ НА АДЕЛ БИЛЕ ЛАЖНИ: Концертите се откажале поради друга, ама шокантна причина!

Ковидот не е причината за Адел да ги откаже концертите како што објаснуваше низ солзи, туку кавга!

Сè уште го памтиме – видеото кое пејачката го објави пред само неколку дена, кога во солзи мораше да се извини дека двата датума од нејзината турнеја, закажани за минатиот викенд во Цезар Палас во Лас Вегас, ќе бидат одложени дури за месец април. Причината? Во тоа видео, Адел објасни дека во последните две недели половина од нејзиниот тим биле позитивни на Ковид, што ја прави организацијата на концертите многу комплицирана.

Но америкнскиот „жолт“ весник ТМЗ пушти лавина со тешки обвинувања насочени кон пејачката.

Имено, познатиот американски весник пишува дека откажувањето на датумите на турнејата нема апсолутно никаква врска со Ковид, а вистинската причина всушност била спор меѓу пејачката и продукциските менаџери.

АДЕЛ ВО СОЛЗИ НА ИНСТАГРАМ: „Шоуто не е подготвено“, откажани концерти поради ковид

Всушност, таа не била задоволна од куп организациски работи, како што се аудио системот па дури и од некои сценографски елементи, па се до тоа што не ѝ се допаднал изборот на продукцијата да користи хор за да го придружува гласот на Адел.

Според извори на ТМЗ, изборот на пејачката кој се случил „како гром од ведро небо“ да ги откаже концертите, ги запрепастил вработените во Цезар Палас, еден од најпрестижните хотели во Лас Вегас, чиј персонал работел многу напорно, со месеци околу организација на нејзините концерти.

Овие информации пак, дополнително ги вознемириле, односно разгневиле, обожавателите на Адел кој се прашуваат зошто ги лажела?

Лавината е тргната, ќе видиме каде ќе „удри“..

 

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....