10.8 C
Скопје
10:57 - 28 март, 2026

„Со години го молам….“: Весна Змијанац откри нови детали за мистериозниот Милан Станковиќ

Милан Станковиќ пред неколку години се повлече од музичката сцена и оттогаш малку се знае за неговиот приватен живот.

Но, познато е дека тој се посвети на духовниот живот и дека многу време поминува во манастири. Како што беше напишано во медиумите, Милан сакал да се замонаши во манастирот Подмајне во Црна Гора, додека пред неколку месеци манастирот се огласи и го демантираше горенаведеното и истакна дека тој останува кај нив заради душевен мир.

Интересот за неговиот живот е огромен, додека многумина знаат дека Милан е исклучително близок со Николија, ќерката на Весна Змијанац.

Токму Весна сега откри што знае за пејачот и призна дека долго време немала слушнато за него.

„Не сме се слушнале во последните два-три месеци. Се уште не сум сигурна дека тој прави спектакуларен кам-бек. Се надевам дека ќе сака и ќе му дојде. За мене тој е еден од најдобрите пејачи во светот и јас го молам да се врати веќе три години. Мислам дека очекува песна, не може тој да пее што било. Тој може лесно да биде светска ѕвезда“, изјави таа.

Слични објави

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.
Се вчитува....