2.8 C
Скопје
02:16 - 15 март, 2026

(Фото) Скршена од болка: Првото обраќање на сопругата на Саша Поповиќ по погребот

Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ, се огласи на својот Фејсбук-профил неколку дена по тоа што го испрати својот сопруг на вечен починок.

Во име на целото семејство, таа изрази благодарност до сите што пружија поддршка и сочувство по неговата смрт.

„Благодарам на сите добри луѓе кои ни изразија сочувство и кои сочувствуваат со нашата болка“, напиша Сузана 11 дена по смртта на Саша.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Креативниот директор на „Гранд“, почина на 1 март, на 70-годишна возраст, по долга борба со тешка болест. Последните месеци од животот ги помина на лекување во Париз, каде што и почина, а во тие тешки моменти покрај него беа неговата сопруга Сузана, ќерката Александра и синот Даниел.

Саша Поповиќ беше погребан на Бежаниските гробишта, во семејната гробница. Целата естрада го обожаваше, а од него се простија многу колеги и пријатели.

Ќерката на Саша Поповиќ, исто така, се огласи на својот Инстаграм-профил по смртта на својот татко, истакнувајќи колку е горда и среќна што Саша беше дел од нивните животи.

„Ги читам сите ваши пораки секој ден и гледам дека многумина од вас изгубиле сакана личност. Како што вашите срца се со мене сега, така и моето е со вас. Не е лесно никому, без разлика дали сте изгубиле некого денес, пред неколку месеци или години. Сега подобро од кога било разбирам што значи да изгубиш некого. Да го изгубиш столбот на семејството, таткото, сопругот, пријателот… Се надевам дека сите сте добро, иако е тешко, знаејќи дека никогаш повеќе нема да ја видите таа личност, да го чуете нејзиниот глас, да ја прегрнете уште еднаш, за последен пат. Како што кажав во претходната изјава – Не жалете ги затоа што починаа, туку славете ги затоа што живееја и беа дел од вашите животи. Нашите родители се нашите херои. Јас сум горда на својот татко, на сè што создаде и остави зад себе и колку храбро се бореше до самиот крај“, напиша таа на Инстаграм и додаде:

Смртта не е секогаш непријател. Понекогаш е како стар пријател кој нè чека во сенката зад аголот, за еден ден да нè поздрави и дочека со раширени раце и топла прегратка.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....