13:19 - 5 декември, 2025

СКАНДАЛ ЗА КОЈ БРУИ БЕЛГРАД: Владе Дивац го натепал својот поранешен пријател и познат фудбалер, причина – пораки што ѝ праќал на ќерка му

Некогаш големи пријатели, познатиот српски кошаркар Владе Дивац и фудбалерот Ниша Савељиќ се скарале и тоа жестоко.

Кошаркарската ѕвезда Дивац го натепал поранешниот фудбалер на крајот на декември минатата година, а инцидентот се случил во познат ресторан во сопственост на поранешниот кошаркар Дејан Бодирога.

До спорот наводно дошло затоа што Петра Дивац, ќерката на НБА кошаркарот, му се пожалила на својот татко дека неговиот пријател ѝ праќа пораки преку Инстаграм и дека ѝ се додворува.

Ниша наводно ѝ пишувал на Петра дека „пораснала и дека е убава“, а ја прашувал и дали сака да се видат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Петра Дивац (@divaccp)

Петра пак, пораките ги покажала на татко ѝ, Владе, а нему му паднал мрак пред очи. Такво нешто не очекувал од личност која долго ја познава и кому парично помагал кога бил „тенок“ со пари, пишува курур.рс. 

Очевидци тврдат дека Дивац и Савељиќ се сретнале во ресторанот на Бодирога, ситуацијата била напната, Дивац веднаш скокнал врз поранешниот пријател, а Бодирога и келнерот скокнале да ги разделат.

Откако бил контактиран од новинарите, поранешниот фудбалер Ниша Савељиќ за Курир изјавил:

„Многу ми е жал што дојде до недоразбирање.Јас и Дивац сме долги години пријатели. Тој знае каков сум и како човек и како татко. Жал ми е ако мојата намера е погрешно сфатена.

Таа сцена за мене беше невообичаена, извинете ако некој погрешно разбрал. Дивац ми помогна во Америка, ми даваше контакти.

Ѓал ми е што не разговаравме за тоа и што немав прилика да објаснам. Мене никој не ме туркаше ниту удираше, само бев истуркан од локалот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Петра Дивац (@divaccp)

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....