18:43 - 10 ноември, 2026

Скандал во Кан: Важен гостин засрамен и исфрлен од црвениот тепих затоа што носел „чудни“ чевли

Минатата недела на Канскиот филмски фестивал во Франција, филмскиот продуцент Келвин Редверс стоел во редот за на црвениот тепих за премиерата на Les Amandiers, пишува Vogue.

Знаејќи дека црвениот тепих во Кан е спектакл за кој ќе зборуваат и ќе го снимат бројни камери, Редверс решил да ги носи традиционалните мокасини на Дена, домороден народ од северозападните територии на Канада, каде што пораснал.

„Се надевав дека ќе носам пример од нешто што би се сметало за формално за мојата култура, а тоа беше прекрасен пар мокасини што ги направи мојата сестра“, рекол Редверс, но пред да успее да зачекори на црвениот тепих, бил запрен од обезбедувањето. Го замолиле да излезе додека не облече „обични“ чевли.

Редверс додава дека се чувствувал како „злосторник“ затоа што носел мокасини, направени од „кожа од лос и украсени со прекрасни бисери“. Ова не е првпат фестивалот да одбива гости бидејќи не се придржуваат до строгиот кодекс на облекување. Покрај инсистирањето на кодексот на „црната вратоврска“, организаторите внимаваат и на обувките.

Откако бил одбиен на црвениот тепих, еден од колегите на Редверс, кој зборувал француски, наводно се обидел да им објасни на чуварите дека кодексот на облекување во Кан треба да има исклучоци за таква „културолошка облека“. Луѓето од безбедувањето не попуштило, дури станале прилично агресивни кон продуцентот.

– На прилично агресивниот член на обезбедувањето му здодеа, ме удри во лице и ми рече: „Мораш веднаш да заминеш. Оди сега. Оди си! – изјави Редверс за Variety.

„Бев многу збунет и повреден“, изјави Редверс, кој можел да се врати на црвениот тепих дури откако ги сменил чевлите.

Ден по премиерата, челниците на Канскиот филмски фестивал наводно се сретнале со Редверс и се извиниле за инцидентот.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....