06:41 - 12 март, 2026

Синот на Цеца нема право на национална пензија: Освои бронза на Европско, но не во олимписка категорија

И покрај тоа што постигна значаен успех на Европското првенство во бокс и освои бронзен медал, Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк пејачката Цеца, нема да добие национална пензија. Причината е што се натпреварувал во категорија која не е дел од олимписките дисциплини.

Според правилникот, право на национална пензија имаат само спортистите кои освоиле медали на континентални натпреварувања во дисциплини што се дел од Олимписките игри. Иако боксот е олимписки спорт, категоријата од 86 килограми во која се борел Ражнатовиќ не е вклучена во олимписката програма. Олимписки категории се 71, 80, 92 и супертешка категорија.

Во изјава за медиумите, Вељко рече: „Ниту знам, ниту влегувам во тоа. Некои велат дека сите ќе добиеме национална пензија, некои дека само олимписките категории имаат право. Голема фама се крена. Национална пензија, мислам, се добива по 40-тата година. Јас си го одработив своето. Ќе се занимавам со земјоделие. Зошто да се откажам од нешто за што сум крварел?“.

За освоената бронза, Ражнатовиќ доби 5.000 долари, но ја подари.

„5.000 оди на дете кое има поголема потреба од мене. Да живее Србија!“, напиша тој.

Вељко живее со сопругата Богдана и нивните синови во Тител. Како што вели, Белград не му нудел вистинска иднина: „Сфатив навреме дека Белград не е вистинскиот пат. Мала бара полна со крокодили. Сè што ќе добиеш, ќе го платиш на еден или друг начин.“

Ражнатовиќ смета дека славата на неговите родители често му одмага: „Мислам дека повеќе би ме ценеле како боксер ако не бев син на познати родители. Сите се чудат што еден Вељко Ражнатовиќ се решил за ваков ‘псеќки’ живот. Ова е керовски, питбуловски живот. Луѓето мислат: ‘Ако си син на Цеца, мора да бидеш плашливец’. Но одамна го надминав тоа.“

Тој веќе неколку години вложува во приватен бизнис и активно се занимава со свињарство.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....