-1.2 C
Скопје
21:38 - 17 ноември, 2024

Што е вистина, а што фикција? Продолжуваат критиките за контроверзниот филм за животот на холивудската дива Мерилин Монро

Не стивнуваат критиките за новиот филм за Мерлин Монро, „Blonde“, кој се прикажува на Нетфликс. Филмот на контроверзен начин прикажува некои од најтрауматичните моменти во животот на холивудската актерка, од нејзиното детство во Лос Анџелес во 1920-тите и 1930-тите до нејзината смрт на 36-годишна возраст. Но, како и секоја фикционализација на животот на вистинска личност, филмот покренува прашања кои бараат одговори. Британскиот весник The Independent направи споредба на некои делови од филмот со вистински настани.

Филмот го опишува детството на Мерилин Монро како длабоко нестабилно. Нејзината болна мајка Гледис се обидува да ја удави младата Мерилин во кадата. Според описот во филмот, Гледис, која ја игра Џулиен Николсон, е сместена во институција за ментална болест, а Мерилин е испратена во сиропиталиште.

Иако пошироките контури на овој приказ се вистинити, деталите не се докажани. Мерилин како дете поминувала време во згрижувачки семејства. На нејзината мајка и била дијагностицирана шизофренија и првпат била хоспитализирана во 1934 година кога Мерилин имала околу 10 години.

Во филмот, таткото на Мерилин Монро се појавува главно како привидение и неговиот идентитет никогаш не се разјаснува. Нејзината мајка и кажува дека работи во шоу-бизнисот, но со оглед на менталната состојба на Гледис, никогаш не е јасно дали го лажела своето дете – а можеби и самата себе – или ја кажувала вистината.

Во 2022 година, ДНК-тестирањето потврдило дека нејзиниот татко, според документарниот филм „Мерилин, нејзината последна тајна“, е Чарлс Стенли Гифорд – соработник на нејзината мајка во филмската лабораторија во ЛА. Според обемната биографија на Сара Червел од 2004 година, не е познато дали Мерилин Монро знаела или дури се сомневала дека Гифорд и е татко додека била жива.

Сцената со силување во филмот за Мерилин Монро ги налути гледачите: Режисерот ја брани својата одлука

Во филмот гледачите особено ги вознемири сцената во која холивудската дива е брутално силувана, а сцената во која американскиот претседател Џон Ф. Кенеди ја принудува на орален секс не е заснована на извештаи.

Наместо тоа, сцените ја драматизираат нејзината релативна немоќ кон мажите кои ја опкружувале во реалниот живот, вклучително и директорите на филмското студио и нејзиниот најпознат љубовник, Џ.Ф.К. Во реалниот живот, додека беше жива Монро зборуваше за наводната сексуална злоупотреба од детството.

Приказот на Доминик за присилниот абортус на Монро, вклучувајќи фетус што зборува и снимка од нејзината вагина, исто така, е шокантна – но дали ова е вистински настан во нејзиниот живот (се разбира, без фетусот што зборува) останува непознато. Нема конкретни докази дека Монро некогаш абортирала и тоа не е нешто што таа некогаш го признала или дискутирала.

Слични објави

(Видео) Сека Алексиќ гола во када прекриена со пена: Дали сум нормална?!

Еспресо

Шокантна одлука на поранешната членка на „Харикејн“: „Се повлекувам од естрадата за да не се оболам психички“

Еспресо

(Фото) Станија провоцира: Старлетата позира топлес, на неа само минијатурна танга

Еспресо

(Видео) Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Еспресо

(Видео) Српската пејачка шокирана: Богат шеик ѝ приредил изненадување на концертот на Цеца во Дубаи!

Еспресо

(Видео) Познатиот босански актер доживеал драма, завршил во полиција во Австрија

Еспресо
Се вчитува....