36.8 C
Скопје
15:11 - 23 август, 2026

Северина уапсена откако сестра ѝ ја пријавила во полиција

Загрепската полиција денеска околу пладне ја уапсила пејачката Северина Вучковиќ. Апсењето следело, како што дознава Јутарњи лист, откако од сплитската полиција добиле барање да ја приведат за истрага.

Причина за апсењето била непримерна расправија што се случила денеска во Сплит во домот на мајката на хрватската пејачка.

Според жалбата на сестрата на Севернина, Маријана, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка.

Тоа се случувало околу еден часот по полноќ, кога од станот се слушнала врева. Двете сестри, наводно, се туркале низ станот и си удирале шамари, како што Маријана пријавила во полиција.

На крајот Северина си заминала, а нејзината сестра отишла во болница, од каде, откако лекарот и укажал помош поради полесни повреди, се обратила за помош во полиција.

Таа се здобила со низа модринки по главата и грбот, а лекарите забележале исекотини на телото.

Врз основа на пријавата сплитската полиција започнала потрага по пејачката, а врз основа на тоа Северина била приведена на загрепскиот аеродром, 12 часа по наводниот инцидент во Сплит.

 

Слични објави

Неделен хороскоп од 24 до 30 август: Љубовни пресврти, нови можности и важни одлуки

Т.Ц.

(Видео) Сања Николиќ слави 44. роденден, Слаткар ја бакна среде сцена и ѝ прати љубовна порака

Еспресо

(Фото) Каде летува Уна Чолиќ, ќерката на Чола?

Еспресо

Што се случувало непосредно пред смртта на Хејден Панетиер? Се огласи човекот кој ја пронашол без свест

Т.Ц.

„Би било супер да готви и да молчи“: Цеца откри каков партнер најмногу би ѝ одговарал

Т.Ц.

(Фото) Како денес изгледа поранешната мис на Југославија: На 64 година во бикини го покажа неверојатното тело

Еспресо
Се вчитува....