14:32 - 13 ноември, 2026

Верувале или не, ова е местото во кое официјално се слави Денот на Машин Ган Кели!

Instagram

Неверојатно, но апсолутно вистинито: американскиот рапер Машин Ган Кели, со одлука на градскиот совет на Кливленд потпишана од градоначалникот Џастин Биб, го доби својот ден во градот во кој порасна, кој официјално ќе се прославува на 13 август секоја година од сега па натаму.

Колсон Бејкер, попознат по неговото уметничко име Машин Ган Кели, е роден на 22 април 1990 година во Хјустон, Тексас во дисфункционално американско мисионерско семејство. Тој и неговите родители често се преселувале во раното детство, живееле во Египет, Германија, Чикаго, Денвер и Кливленд, а мајка му нашла ново семејство кога нејзиниот син имал девет години. Татко му тешко го поднел тоа, паднал во депресија и престанал да работи, а за него се грижела тетка му.

Тешките денови од детството и растењето на Кели му послужиле како вечна инспирација за бунтовничките текстови на неговите песни, а освен со музика се занимава и со актерство, па неговата филмографија досега има веќе осумнаесет наслови. 13 август е прогласен за негов ден во Кливленд, затоа што на тој ден пред педесет илјади гледачи на распродадениот стадион First Energy тој го започна американскиот дел од неговата Mainstream Sellout Tour.

– Не можев ни да сонувам дека постои личност на светот што го сака Кливленд страсно како мене. А тоа е токму Машин Ган Кели, – изјави на церемонијата 35-годишниот градоначалник Џастин Биб.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....