11.8 C
Скопје
19:58 - 3 април, 2026

Северина мислела дека ќе го заврти Бреговиќ околу малиот прст, откриваат соседите на музичарот

Соседите на Горан Бреговиќ, кои живеат во близина на неговата луксузна вила во Сењак, имаат само пофални зборови за музичарот, но со се сеќаваат и на неговата наводно бурна романса со пејачката Северина Вучковиќ.

„Горан е голем господин. Воопшто не се однесува како ѕвезда, иако можеше да се вообрази. Често го гледаме како шета низ дворот во влечки и пижами, поправајќи ситни работи низ куќата, воопшто не се фолира. Народски кажано – обичен човек, но живее како крал. Реткост денес“, вели за Информер еден од неговите соседи кој со години го познавал музичарот.

Друг соговорник се осврна на врската на Бреговиќ со Северина, која често го посетувала неговиот дом пред повеќе од една деценија.

„Добро се сеќавам кога доаѓаше Северина… Таа спиеше таму кога беше во Белград. Мислеше дека ќе го заврти околу малиот прст, дека ќе добие албум без динар, но не оди така со Брега. Тој не е наивен, знае со кого си има работа. На крајот, ја откачи и ја шутна како кучка, и тоа со полно право“, вели сосетката и додава:

„Се зборуваше дека му должела сериозни пари, а се однесуваше како таа да треба да биде платена. Типична Северина – мисли дека насмевката и позата можат да се искористат на секој маж. Но, Горан знаеше подобро. Брега не е паднат од крушка!“

Инаку, вилата на Сењак, според српските медиуми, била градена три години, а во неа биле вложени многу труд и пари. Куќата е опкружена со висок ѕид и гаражна врата со далечинско управување, додека внатрешноста на дворот не се гледа од улицата. Од безбедносни причини, Бреговиќ вовел и видео надзор, кој дополнително го заштитил домот од несакани гости.

Слични објави

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо
Се вчитува....