2.8 C
Скопје
14:05 - 23 декември, 2024

Сенида наплаќа 18.000 евра за еден час пеење: На настап бара огледало, седум крпи и жолта текила

Словенката Сенида Хајдарпашиќ е една од најпопуларните пејачки во регионот, која за едночасовен настап наплаќа неверојатни 18.000 евра. Оваа информација изненади многумина, но ова не е единственото нешто што таа го бара.

Имено, Сенида наплаќа 18.000 евра за еден час од својата програма која може да трае и до 70 минути. И сите пари мора да бидат однапред уплатени на нејзината сметка.

Според договорот, Сенида е должна да ја организира музичката програма на најдобар можен начин, навреме да ги донесе членовите на нејзиниот тим на локацијата на концертот, да објави најава за настап на Инстаграм и да ја обезбеди сета потребна документација за патување и влез во земјата каде што настапува.

Покрај авионските билети за сите членови на тимот, освен кога се патува со комбе, таа бара специјални хотелски соби, обично седум или осум, доколку ги придружува возач. Мора да биде хотел со пет ѕвезди и таа бара однапред да ѝ се испратат предлози за да може да избере каде да престојува.

„Цената на Сенида е 18.000 евра, што е вртоглава сума, но не е конечна цена. Сето она што таа го бара за себе и за својот бенд, кој го сочинуваат тројца музичари, диџеј, како и менаџер, тон инженер и возач, бараат дополнителни финансиски средства, кои воопшто не се мали. Таа бара и полн пансион за сите, услуга во соба и паркинг место во хотелот“, вели извор запознаен со барањата на Сенида.

Хајдарпашиќева има барања и за објектот каде што настапува.

„Пејачката мора постојано да биде придружувана од најмалку четворица обезбедувачи. Чист тоалет во близина на ‘зад сцената’ само за изведувачите, големо правоаголно огледало за да може да си ја види целата фигура, седум мали црни крпи и пакет влажни и обични марамчиња. Клима или вентилатор се задолжителни, а собната температура треба да биде 20 степени. Задолжително е и комбе“, вели изворот.

Задолжителни се две пакувања од половина литар флаширана негазирана вода на собна температура, мраз, осум обични стаклени чаши и четири чаши за вино. Три шишиња вотка „белведере“, едно шише жолта текила, пакување тоник, сок од брусница и лимонада се задолжителни зад сцената.

Слични објави

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо
Се вчитува....