03:11 - 7 ноември, 2026

Се огласи ријалити-ѕвездата што врескала и кршела чаши во кафуле — Лаура откри што мисли за ситуацијата

Хрватската ријалити-ѕвезда Лаура Пргомет, позната по учеството во шоуто „Господин Совршен“, доби притвор во траење до 30 дена по инцидентот што се случи во кафуле во дубровничката населба Лапад.

Портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, Перо Милоглав, за „Дубровачки дневник“ изјави дека судијата за претходна постапка го прифатил предлогот на Општинското државно обвинителство и ѝ одредил притвор поради сомнение дека сторила две кривични дела – напад врз службено лице.

Според наводите на обвинителството, Пргомет за време на приведувањето физички нападнала полицаец и полициска службеничка, која се здобила со полесни телесни повреди.

„Притвор до 30 дена е одреден поради опасност од повторување на кривичното дело, имајќи предвид дека осомничената покажала изразена упорност, агресивност и безобѕирност, навредувајќи и физички напаѓајќи полициски службеници. При тоа, полициската службеничка се здобила со полесни телесни повреди“, изјавил Милоглав.

Нејзиниот адвокат Роберт Бачиќ истакнал дека одлуката сѐ уште не е правосилна и најавил жалба.

„На Лаура ѝ е исклучително тешко. Многу тешко ја поднесува целата ситуација и искрено жали за сѐ што се случи“, рекол адвокатот.

Според досегашните информации, Пргомет била приведена во неделата вечер поради нарушување на јавниот ред и мир во кафулето „Бразил“ во Лапад.

Сведоци тврдат дека навредувала гости, кршела чаши и дел од инвентарот, поради што посетителите го напуштиле локалот. Поради нејзиното однесување била повикана Итната медицинска помош, а набргу пристигнала и полицијата. Дел од очевидците тврдат дека таа навредувала и физички нападнала полициски службеници.

Истрагата е во тек, а надлежните институции треба да ги утврдат сите околности што довеле до инцидентот.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....