12.8 C
Скопје
18:22 - 17 октомври, 2026

(Фото) Ксенија Николова доживеа незгода во домот: „Цел тоалет поплавен, чекаме водоводџија, ѕидовите мокри, хаос“

Ксенија Николова сподели дека доживеала непријатна незгода во својот дом, откако поради дефект на вентил од бојлерот бил поплавен тоалетот, а штета била предизвикана и на вратата, ѕидовите и плафонот.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии од поплавениот простор и откри дека чекале водоводџија, а покрај тоа што ја опиша настанатата штета, сподели и дека од целата ситуација извлекла важна животна поука.

„Цел тоалет поплавен, чекаме водоводџија да дојде, ништо не ми е јасно како и кога се случило ова… Ѕидовите мокри, хаос!

Фото: Скриншот

Замислете, од еден вентил на бојлер да дојде до ова.

Среќа што не е направена поголема штета…

И вратата од тоалетот е уништена и плафонот треба да се чисти и менува…

Да сме живи и здрави, тоа е.

Така сум се изнаплакала денес, мислам дека сè што држев во себе излезе.

Ваквите моменти многу ме учат и веднаш лоцирам каде грешам.

Поплавувањето на тоалетот и уништување на ѕидовите и од собата до него е симбол за нешто поголемо, а тоа е дека работите ќе се случуваат без разлика на тоа дали сме ние спремни или не.

Во себе препознавам вина што не сум доволно фокусирана понекогаш на основните секојдневни работи, на деталите, на работите покрај кои поминувам секој ден, а не ги ни забележувам.

Повеќето време го поминувам во мислите, можеби ми е тоа деформација од пишувањето, но од дете сум таква.

Ми се случува да не забележам работи што ми се пред нос, а да забележам нешто што речиси сите ќе го ‘промашат’.

Тоа ме прави креативна, интуитивна, но и отсутна.

Си ветив дека ќе работам на тоа.“

Во продолжение Николова откри дека во тие моменти разговарала со својата пријателка Елена, која ѝ помогнала поинаку да гледа на целата ситуација.

„Ѝ се јавив денес на мојата Елена што ми е другарка каква на сите ви посакувам и веднаш ме разбра.

Ми рече: ‘Некогаш, таа е цената што ја плаќаме за она што сме, но секогаш можеме да бидеме подобри’.

И така е…

За мене е голем напредок да ми се промени матрицата во глава ‘Кој е виновен’ до ‘Како можеме ова да го решиме’.“

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....