10.8 C
Скопје
21:08 - 10 април, 2026

„Се мразев себеси кога не повраќав“: Теодора Џехверовиќ со емотивна исповед за нарушувањето во исхраната

Пејачката Теодора Џехверовиќ првпат се појави во јавноста преку „Ѕвездите на Гранд“, а поширока популарност стекна со учеството во реалното шоу „Задруга“. Иако денес важи за личност полна со енергија и самодоверба, таа откри дека зад насмевката криела тешка животна борба.

Во една своја исповед, Теодора призна дека поминувала низ сериозна психолошка криза и дека се соочувала со булимија.

„Ми се случи булимија затоа што бев млада и не размислував рационално. Во тој период психички паднав, но од сè излегов како победник и денес можам да се насмеам на тоа. Тоа навистина беше голем проблем. Се мразев себеси кога не повраќав. Околу мене сите беа слаби, јадеа што сакаа, а јас само да испијам вода и веднаш се дебелеев“, раскажа Теодора пред неколку години.

Денес, таа отворено зборува за важноста на менталното здравје и истакнува дека токму тие тешки моменти ја направиле посилна. Големо внимание посветува и на својот изглед, а дел од физичките корекции ги направила и со помош на естетски зафати.

Покрај тоа, неодамна откри дека се соочила и со здравствени проблеми поврзани со хормоналниот баланс.

„Во моментов користам ашваганда поради зголемен кортизол, магнезиум и масло од оригано. Правев крвни анализи и вредностите ми беа значително над границата. Горната граница е 550, а кај мене беше 815“, откри пејачката.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....