07:25 - 19 декември, 2025

„Се бакнуваа и се галеа“: Најбогатата пејачка на Балканот по разводот уловена на јахта со 17 години помладиот „Господин совршен“

Хрватската пејачка Маја Шупут објави на почетокот на јуни дека се развела од сопругот Ненад Татаринов, со кого има син.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Маја (44) сега е фатена од хрватските медиуми во друштво на ѕвездата од ријалити „Господин Совршен“, Шиме Елез (27) на луксузна јахта недалеку од Брач.

– Лежеа и уживаа во сонцето. Маја лежеше врз него, се бакнуваа и се галеа без оглед на љубопитните погледи. Во еден момент, таа стана, отиде да земе овошје и се врати со чинија што внимателно му ја донесе на Шиме – рекол читател кој се нашол во близина и кој им ги доставил фотографиите на хрватските медиуми.

Двајцата биле снимени и во Сплит, каде што се качиле на приватна јахта.

– Ние бевме на Рива. Тие требаше да отпловат кон Брач. Шиме се обиде да се скрие, но не успеа, додека Маја не ги криеше премногу своите емоции. Дури и се распрашуваа каква е сезоната – рекол друг читател за хрватските медиуми кој приложил дополнителни фотографии.

Маја и Шиме останале резервирани кога биле прашани за врската.

– Јас воопшто не знам за што зборувате. Навистина немам поим за што зборувате – рекла Маја додека со Шиме била на јахтата.

Инаку, Шиме Елез беше и машки модел во Новото музичко видео на Маја Шупут.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Šime Elez (@simeelez)


– Првата идеја за видеото беше шест лица, три жени и тројца мажи, сцена на забава покрај базен во прекрасна вила. Но, мојот тим едногласно го предложи Шиме – рекла Маја неодамна.

– Тој е природен пред камерата, камерата му е втор дом, тој ја заведува. Снимањето беше без повторување и без објаснување. Нему не му треба ништо да објаснува, тој ѝ објасни на камерата – рекла тогаш Маја.

Покрај неговиот изглед и став пред објективот, Маја особено го истакнала неговиот карактер и енергија.

– Личноста е посебна приказна, прекрасна енергија, карактер, убаво е да се работи со таква личност – нагласила Маја.

Потоа Маја открила дека не ѝ било непријатно да снима интимни сцени со Шима.

– И двајцата знаевме што се снима, па затоа немаше непријатност. Хемијата меѓу нас се случи спонтано – рече Маја.

Маја тогаш зборувала со медиумите за разводот.

– Сè уште се дружиме и одиме на летување заедно како семејство. Јас сум мајка која мора да оди на свирка и природно е таткото да е со детето. Но, брзо се враќам бидејќи сите знаат дека сум вљубена во моето дете и дека тоа ми е свето. Сите сме заедно, едно модерно семејство, хармонично, весели и живееме во заедница како порано. Нема потреба да правиме некакви разделувања. Ова е природно, нормално, удобно и најздраво за детето – изјавила Шупут за „Стори“.

Потоа Маја истакнала дека ништо не се променило во нивното семејство откако се развеле.

– Ненад е присутен цело време, не се вклучува по потреба. Тука сум најсреќна, бидејќи нема ништо поубаво од тоа детето да биде со тато кога мама е на пат. А уште поубаво е за детето ако се сите заедно. Кај нас, сè е супер нормално, исто како порано – додала таа.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....