08:45 - 4 април, 2026

Сандра Африка возела „мртва пијана“: „Му платив на полицаецот на дува место мене!“

Пејачката Сандра Африка, гостувајќи во еден подкаст, откри дека поткупила сообраќаен полицаец кој ја запрел и ѝ побарал да направи алкотест, бидејќи возела под дејство на алкохол.

Сандра раскажа дека била толку пијана што воопшто не го видела полицаецот кој ја запрел.

„Еднаш испив малку повеќе и што да правам? Тргнав дома со мојот автомобил и си велам: ‘Ништо, ќе си возам дома!’ Возам по тротоарот, никако по патот. Ужас. И имаше некоја рација, не знам ни што беше, не беа полицајци туку некои инспектори. Тие ме запираат, а јас не го гледам човекот, ми зборува нешто и ми дава да дувам. Му велам: ‘Брате, молим те, немој да дувам! Ако дувнам, готово е… Ќе ме водите 100 отсто. Мртва сум пијана!’“ – раскажа Африка.

Пејачката потоа откри како успеала да го наговори полицаецот да дувне наместо неа.

„Ми вели: ‘Не можеме овде, Сандра, што да правиме сега? Инспекторите се тука, разбираш!’ Му реков да дувне наместо мене, го молев. Тогаш ми рече дека не сум нормална. Го замолив, му реков дека ќе му платам. ‘Само дувај, дувај, брате!’ И ете, дувна (се смее). Мајке ми, ми ја даде онаа пластика и ми рече: ‘Кажи дека си ти!’ И јас, нормално – пари и тоа е тоа“, го шокираше водителот со своето признание во подкастот „Восткаст“.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....