03:36 - 1 ноември, 2026

Рецепт за вечерна чоколадна торта готова за 30 минути: Без грижа на совест – има само 200 калории!

Unsplash

Обично доцна навечер ни се пријадува нешто слатко и калорично, како на пример: чоколадна торта. За да не јадете и овој пат со грижа за совест ви ја предлагаме оваа алтернатива во форма на брза „диетална“ чоколадна торта.

Состојки:

  • 3/4 чаша брашно
  • 1 чаша шеќер (по можност кафеав)
  • 2 полни лажици какао во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 3/4 лажичка сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша млеко
  • 2 лажички масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки – брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона. Во посебен сад измешајте ги останатите состојки, потоа додадете ги сите состојки и измешајте сè добро додека не добиете хомогена смеса.

Загрејте половина чаша вода и кога ќе зоврие додадете ја во смесата и сè добро измешајте. Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја смесата во калап и печете 30-40 минути,

Кога тортата ќе се олади, исечете ја на 12 парчиња – пресметајте дека секоја има околу 200 калории.

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....