01:04 - 11 април, 2026

Рада Манојловиќ за борбата со зависноста од лекови: „Шест месеци не можев да се откажам од ксанакс“

Рада Манојловиќ

Пејачката Рада Манојловиќ отворено проговори за тешкиот период од својот живот, откривајќи дека со месеци се борела со зависност од лекови за смирување.

Таа призна дека шест месеци не можела да се откаже од ксанакс, а искуството го споделува за да ги предупреди сите кои мислат дека контролирано можат да престанат кога ќе посакаат.

„Тоа е многу незгодна работа. Баш бев зависна. Ова го кажувам јавно, затоа што секој што мисли дека ќе го користи и ќе престане кога ќе одлучи, се лаже. Многу ми беше тешко да се откажам од таблетите. Лекови би препорачала само во краен случај“, изјави Манојловиќ, додавајќи дека токму во тој период посетувала психијатар.

Таа откри и дека љубовните проблеми ѝ предизвикале несоница, поради што започнала со терапијата.

„Мене ми беше лесно додека се дружев со хемијата, но многу тешко ми беше да се одвикнам. На крајот, со стручна помош, постепено ја намалував дозата и успеав“, вели пејачката.

Манојловиќ проговори и за крајот на врската со колегата Харис Беровиќ, признавајќи дека не се чувствувала подготвена за дете.

„Лице на кое му треба ксанакс, кое бега од проблеми, не мислам дека е подготвено да воспитува дете“, објасни таа.

Во јавноста повторно се актуализира и нејзината поранешна врска со Милан Станковиќ, откако нејзиниот татко изјави дека Рада му помогнала финансиски, но дека тој никогаш не дошол во нивниот дом.

„Многу му замерив за тоа“, изјави таткото, додавајќи дека бил изненаден од одлуката на Станковиќ да се замонаши.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....