14.8 C
Скопје
16:56 - 9 март, 2026

Пукање пред вилата на Ријана во Беверли Хилс: Уапсена жена, пејачката била дома

Луксузната вила на светската поп-ѕвезда Ријана во Беверли Хилс била мета на пукање од огнено оружје, соопшти полицијата во Лос Анџелес, пренесе Би-би-си.

Според информациите, полицијата интервенирала по дојава за пукање во неделата околу 13:15 часот по локално време. На местото биле пронајдени чаури од автоматска пушка, а кратко потоа била приведена осомничена.

Полициски извор за Си-би-ес њуз изјавил дека куќата кон која било отворено оган е сопственост на Ријана. Во инцидентот нема повредени, иако пејачката во тој момент се наоѓала во вилата, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Според наводите на полицијата, осомничената – жена во триесеттите години – застанала со автомобил пред домот и испукала седум куршуми, по што избегала со возилото.

Нејзиниот автомобил подоцна бил пронајден на околу 12 километри од куќата на пејачката, по што жената била уапсена. Засега нејзиниот идентитет не е објавен.

Ријана, родена во Барбадос под името Робин Фенти, минатата година го доби третото дете – ќерка – со партнерот Ејсaп Роки. Двојката веќе има два сина, Рајот и Риза, како и ќерката Роки Ајриш.

Во февруари годинава, Роки беше ослободен од обвиненијата на судењето на кое се товареше дека пукал кон поранешен пријател. Ријана тогаш се појави во судницата заедно со нивните двајца синови.

Пејачката се прослави во раните 2000-ти со хитови како „Pon de Replay“ и „Umbrella“, а неодамна одбележа 20 години од објавувањето на својот прв албум.

Покрај музичката кариера, таа изгради и успешна деловна империја, меѓу кои брендот за козметика „Фенти бјути“ и линија за долна облека. Според „Форбс“, нејзиното богатство се проценува на повеќе од една милијарда долари.

Од тимот на пејачката засега нема официјална реакција за инцидентот.

Слични објави

Мите Стоилков стана татко! Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ доби ќерка, девојчето има уникатно име

Еспресо

(Фото) Ултра мини и деколте: Анета Љумаковска изненади од Охрид

msp-admin

(Фото) Две легенди на сцената: Тарик Филиповиќ откри како го најавил Здравко Чолиќ

Еспресо

Не сум твојата мама да ти слугувам: Сузана Гавазова со нова провокација

apostolova

Харис Џиновиќ проговори за ќерката Џина и куќата што е срушена: „Луѓето не знаат што се случува зад четири ѕида“

Еспресо

(Фото) Наум Петрески изненади: Во друштво на легенда и со интересен имиџ

Еспресо
Се вчитува....