12.8 C
Скопје
17:23 - 24 март, 2026

Прв пат по 59 години ја пропушта седницата во парламентот: Кралицата Елизабета во последен момент го откажала доаѓањето

кралица елизабета

Британската кралица Елизабета синоќа соопшти дека е принудена да се повлече од денешното државно отворање на парламентот, првпат во последните 59 години, поради зголемените проблеми со движењето.

Принцот Чарлс сега за прв пат ќе го прочита нејзиниот говор, придружуван од принцот Вилијам, кој никогаш досега не присуствувал.

Престолот во Домот на лордовите симболично ќе остане празен, а кралицата (96) ќе ја следи церемонијата во Виндзор.

Државното отворање на парламентот е една од најважните јавни должности на монархот и вклучува читање на говорот на кралицата, во кој се презентира политиката на нејзината влада и предложените закони за новата парламентарна седница.

До вчера, Бакингемската палата постојано повторуваше дека кралицата сè уште „се надева“ дека ќе присуствува, но таа го пропушти настанот само двапати за време на нејзиното владеење – во 1959 и 1963 година, кога беше бремена со принцот Ендру и принцот Едвард – и говорот го прочита тогашниот лорд канцелар.

Иако се преземени чекори за да се намали потребата на кралицата да се заморува, Бакингемската палата синоќа по консултација со лекарите соопшти дека кралицата „неволно“ се повлекува од денешниот настан.

„Кралицата продолжува да има повремени проблеми со подвижноста и во консултација со своите лекари неволно одлучи да не присуствува на државното отворање на Парламентот утре. На барање на нејзиното височество и со согласност на властите, принцот од Велс ќе го прочита говорот на кралицата на во име на нејзиното височество од Кембриџ“, изјави портпаролот на кралицата.

Слични објави

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

(Фото) Енис Бешлагиќ го покажа синот: Сите коментираат колку личи на славниот татко

Еспресо

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо
Се вчитува....