13.8 C
Скопје
03:32 - 23 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува: Грмежи, дожд и град, еве кога!

– Во следните денови, како што и претходно кажавме, времето во Македонија ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде за време на викендот, кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на град. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде сончево и се потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено за време на викендот ќе растат условите за нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 30 степени.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо
Се вчитува....