15:06 - 6 април, 2026

Поранешниот на Наташа Беквалац фатен во афера: Ја оставил сегашната сопруга поради водителка со која бил во тајна врска уште пред 15 години?

Мајa Огњеновиќ и Данило Икодиновиќ официјално се разведоа, а според пишувањата, причината не е далечината меѓу нив, туку трета личност. Наводно, поранешниот ватерполист уште пред крајот на бракот со спортистката имал нова љубов – атрактивна водителка од национална телевизија.

Икодиновиќ, кој претходно беше во брак со пејачката Наташа Беквалац, а пред тоа и со мистериозната Ања со која ја има ќерката Андреа, по романса со одбојкарката Маја Огњеновиќ, повторно најде љубов. Станува збор за водителка која одамна му е позната.

Според извор на српски „Курир“, нивното познанство трае околу 15 години, а уште тогаш биле во врска. Се запознале на едно снимање, а иако сè било тајно, јавноста често можела да ги види заедно, особено во Нови Сад.

– Ми се чини дека Дача и девојката со која е сега имаат нераскинлива врска. Тие беа заедно и пред многу години, и повторно се пронашле. Врската почнала уште пред да се разведе од Маја, што е и главната причина за нивниот развод – вели изворот.

Огњеновиќ набрзо дознала за аферата, по што следел неминовен крај на бракот.

– Некои љубови никогаш не поминуваат. Страста меѓу Дача и водителката повторно се разгоре, а сега кога се и двајцата слободни, можат да бидат заедно. Сепак, за да избегнат внимание и скандали, решија љубовта да ја чуваат во тајност – додава соговорникот, уверувајќи дека наскоро за нивната врска „ќе зборува целиот град“.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....