8.8 C
Скопје
00:20 - 11 април, 2026

Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ љуби нов маж: Важи за еден од најпосакуваните на сцената

Мелина Џиновиќ, која се врати на моминското презиме Галиќ по разводот со босанскиот пејач Харис Џиновиќ, има нов маж во срцето – две години постар бизнисмен.

Наводно, модната дизајнерка веќе осум месеци е во романса со еден од најпосакуваните мажи на сцената, пренесува „Блиц“.

„На сите им е јасно дека бракот на Мелина и Харис одамна го изгуби својот сјај и дека беше прашање на време кога ќе се разведат. Иако нивната врска почна да се лади долго пред да го напушти семејниот дом, таа успеа да сокрие дека вистинската причина за ставање крај на тој брак беше маж кој го запозна минатата година и со кој започна романса“, рече изворот за Мелина, која, како што опиша, се чувствува како заљубена тинејџерка.

„Нејзиниот нов емотивен партнер е еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како заљубена тинејџерка. Со оглед на тоа дека неговата работа е примарнА и дека сака да ја задржи сликата за него чиста, се договориле да кријат дека се заедно онолку долго колку што можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската и често се шегуваат дека таа конечно има партнер кој ќе оди со неа“, додал изворот.

Инаку, Харис и Мелина во бракот ги имаа ќерката Џина и синот Кан.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....