10:32 - 12 ноември, 2026

Почина младата инфлуенсерка Јоси Марија: Беше мотивација за многу девојки кои се борат против анорексијата!

Instagram

Инфлуенсерка Јоси Марија починала поради срцева слабост за време на одмор со пријателите на островот Гран Канарија.

Јоси со години се борела со анорексија, а починала во сон, додекаа се одмарале со нејзината пријателка, само неколку дена откако ѝ признала дека се плаши од смртта, пренесува „The Sun“.

Instagram

Младата германка станала популарна на социјалната мрежа Инстаграм откако започнала јавно да зборува за проблемите предизвикани од анорексијата – нарушување во исхраната и колку тоа и го уништило здравјето, но очигледно нејзиното тело веќе било многу истоштено и не можело да издржи.

Instagram
Instagram


– Не сакам да бидам една од оние кои умираат од анорексија. Анорексијата не се однесува само на физичкот изглед, таа е во главата. Не се работи секогаш само за тоа дека сакате да бидете слаби, тука има многу повеќе: изведба, потврда, самоконтрола, е само една од објавите која Јоси ја има споделено како мотивација за нејзините следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, особено за кои се соочувале со истиот проблем.

 – Испи само две кафиња и тоа едвај. Покрај тоа, таа ми рече дека два дена пред тоа не можела ништо да јаде, изјавила нејзината пријателката Вања Росова за германски DE24 News.

Instagram
Instagram

Кога пристигнале на Канарските острови, двете отишле да одморат, но кога Вања се разбудила, сфатила дека Јоси не дише и дека починала.

Јоси имала голема поддршка од интернет заедницата затоа што отворено зборувала за сите неуспешни обиди да се избори со анорексија, но и дека не се откажува, а на тој начин ги мотивирала другите кои се борат со нарушувања во исхраната.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....