12:57 - 4 април, 2026

Почина мајката на Бобан Рајовиќ: „Не знаев дека толку може да боли“

Црногорскиот пејач Бобан Рајовиќ објави дека неговата мајка Анѓелија починала.

Тој ја сподели тажната вест на социјалните медиуми, каде напиша емотивна порака за мајка си.

„Си замина мојата најдобра. Мајко, те сакам. Не знаев дека олку може да боли“, напиша Рајовиќ на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Бобан Рајовиќ

Да потсетиме, Бобан Рајовиќ е популарен црногорски пејач на турбофолк музика. Тој е роден во 1971 година, во Копенхаген, Данска, каде што неговите родители мигрирале од црногрскиот град Беране.

Рајовиќ почнал да пее на 19-годишна возраст, во југословенски кафулиња ширум Данска. Но, во 2000 година се преселил во Белград, каде што го снимил првиот студиски албум – „Бобан“. Оттогаш, тој изгради голема музичка кариера во регионот, а едни од најголемите хитови му се песните „Усне боје вина“ и „Провокација“.

Во повеќе наврати, Рајовиќ потенцираше дека е многу близок со членовите на неговото семејство, особено со неговата мајка Анѓелија.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....