3.8 C
Скопје
01:58 - 24 февруари, 2025

Пикантни детали: Причините за кавгите помеѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл објавени во книга

Однесувањето на членовите на најпознатото семејство на светот, почнувајќи од принцезата Дијана па сѐ до последните случувања со Кејт Мидлтон и Меган Маркл, не престанува да ја бранува јавноста.

Расправиите што се случуваат со години па и со децении наназад во Бакингемската, но и на Кенсингтонската палата, потоа несоодветното однесување, што не е својствено за членови на едно кралско семејство, се дел од нова книга, во која се опфатени сведочењата на вработените во палатите, а со кои, помалку или повеќе, ги откриваат тајните и сѐ што се случува скриено од очите на јавноста во британското кралско семејство.

profimedia

– Таму ништо не може да се скрие – раскажал еден вработен во Кенсингтонската палата за потребите на книгата „Кенсингтонската палата: Интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“ од авторот Том Квини, која би требало да биде објавена кон крајот на овој месец.

Местото на живеење ги изненади сите

Многумина пред приближно две години се изненадија од фактот што Меган Маркл и принцот Хари нема да се преселат во Кенсингтонската палата, веднаш покрај домот во кој живеат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заедно со децата.

Тогаш овој пар замина во имотот Виндзор, каде што се наоѓа и Фрогмор Котиџ, куќата што ја добија како свадбен подарок од кралицата Елизабета Втора.

Тоа беше еден од првите знаци дека двајцата браќа, но и двете јатрви, не се во најдобри односи како што сакаа да се претстават пред јавноста.

Profimedia

Иако за реновирањето на својот нов дом Меган потроши околу 2 милиона фунти, а принцот Чарлс издвои и дополнителни средства за купување раскошен ентериер, не беше задоволна од местото на живеење.

Најмногу ѝ пречело тоа што живеат на периферија, а не во „центарот на гламурот“, кој се разбира е во Лондон, раскажуваат вработените во палатата.
Само неколку месеци подоцна, тие објавија дека сакаат да се преселат во Америка, и иако некое време поминаа и во Канада, се покажа дека тоа им било привремено решение.

Profimedia

Расправии помеѓу двете јатрви

Кога Меган стигна во Велика Британија, најпрвин се всели во куќата на Хари на имотот во Кенсингтон каде што Кејт Мидлтон со нетрпение ја очекувала, откриваат вработените.

– Кејт всушност е меѓу најљубезните членови на кралското семејство. Таа не дозволи раскошниот живот во дворците и тоа што стана дел од кралското семејство да ѝ „удри во глава“. Исто така, беше исклучително срдечна и кон Меган кога се досели, но нетрпеливоста почна да станува очигледна кога Меган сфати дека сепак не се омажила за идниот крал. Тоа ѝ беше најтешкото нешто што мораше да го прифати – стои во книгата.

Паролата „Тоа што Меган го сака, тоа Меган и го добива“, се одрази на меѓусебните односи помеѓу овие два кралски пара.

Кејт веќе ја уживала популарноста кај сите, а Меган била разведена жена од Америка, па поради ваквите предрасуди многумина поразлично се однесувале кон неа, раскажале вработените во палатата.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Ќерката на Карлеуша се присети на својата покојна баба Дивна: „Ми недостига…“

Еспресо

(Фото) „Ти благодарам Господе!“: Ирина и Павле Камилоски ги слават првите 40 дена со Лена!

Еспресо

Аца Лукас со шокантна исповед: Бев интимен со Ана Севиќ пред да се омажи за Дарко Лазиќ, а потоа и пред крајот на мојот брак

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац ужива за сите пари во Дубаи: Пејачката во костим за капење ги остави мажите без здив

Еспресо

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо
Се вчитува....