12:57 - 4 април, 2026

Петар Грашо искрено за децата: Родителството нè промени на сите нивоа

Петар Грашо искрено проговори за искуството како татко. Популарниот 49-годишен музичар е татко на тригодишната Алба и седуммесечниот Тони, а со сопругата Хана уживаат во родителството.

„Станав родител неодамна и се трудам да им пренесам воспитување засновано на вистински вредности – да помагаат на другите, да бидат добри луѓе. Нормално, ни недостига сон, има многу обврски околу децата, ама тоа е дел од приказната. Така им е на сите родители, не сум јас нешто посебен во тоа“, изјави за Blic.rs.

„Родителството нè смени мене и Хана на сите можни нивоа. Тоа е длабока тема, може да се сними цела емисија само за тоа“, додаде тој.

Грашо истакна дека благодарение на децата станал посвесен за убавината на животот.

„Кога те гушнува детето пред спиење – тоа е најубавото нешто. Почнав да го доживувам животот подлабоко, бидејќи веќе не сум одговорен само за себе. Се надевам дека моето дете ќе биде подобра верзија од мене. Сите чакри ми се отворија кога станува збор за родителството – во најпозитивна смисла. Моето срце сега им припаѓа на децата, и верувам дека тоа е дар од Бога. Родителството е прекрасен подарок“, изјави музичарот.

Да потсетиме, Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година, во црквата „Св. Доминик“ во Сплит, во присуство на најблиските пријатели и роднини.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....