05:12 - 6 април, 2026

Песната која беше најголемиот летен хит на Европа! (ВИДЕО)

Осумдесетите години на минатиот век беа исполнети со многубројни фантастични песни кои цел свет ги обожавал. Една од нив е и нумерата „Live is Life“ од австријската група „Opus“.

Песната е снимена уште во далечната 1984 година, на концертот на овој бенд во градот Оберварт, кога овој состав славел 11 години постоење.

Најголемото издигнување оваа нумера го доживеала дури наредната година во 1985-та. Тогаш била прогласена и за летен хит на Европа.

Песната „Live Is Life“ се најде на прво место на бројни топ-листи, во Австрија 8 недели, во Германија и Франција 7 недели, а во Шведска 4 недели.

Песната станала голем хит, дури и евергрин, а она што е интересно е дека е поврзана со славниот Диего Армандо Марадона. Всушност, на 19 април 1989 година, пред почетокот на полуфиналето од натреварот на УЕФА купот во Минхен помеѓу домашната екипа на Баерн и Наполи, славниот Аргентинец, тогашната „прва виолина“ на Наполи, се загревал со остатокот од екипата.

На стадионот се слушнала песната, а Марадона во ритам започнал да ја жонглира топката. Диего со своите фудбалски финти ги маѓепсал како навивачите, така и играчите на противничкиот тим.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....