08:51 - 12 март, 2026

Пенелопе Круз се закити со шпанската национална награда за кинематографија: Жирито било едногласно

Шпанската актерка Пенелопе Круз ја доби Националната филмска награда на Шпанија за 2022 година, соопшти тамошното Министерство за култура и спорт.

Како што е наведено на официјалната интернет-страница, „жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сѐ она што го постигнала во нејзината кариера“. Покрај тоа, Пенелопе Круз е првата Шпанка која ја добила наградата за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзината улога во филмот „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар. Номинирана е и за четири „Оскари“ низ годините досега.

„Со нејзиниот огромен талент и сестрана личност, таа соработува и има блиски врски со филмски работници од целиот свет, а тоа отвори нови врати и за шпанската кинематографија“, се вели во соопштението.

Националната филмска награда на Шпанија се доделува секоја година за севкупен придонес во шпанската филмска индустрија. Покрај Националната награда за кинематографија, Круз доби и парична награда од 30.000 евра.

Во својата мошне богата кариера глумела во 65 филмови, освоила Оскар во категоријата најдобра женска улога за улогата во филмот на Вуди Ален „Vicky Cristina Barcelona“ во 2008 година, а освоила и награди на фестивалите во Кан, Франција и „Goya“ во Шпанија.

 

Пред да и се посвети на глумата Пенелопе била девет години балерина:

Сите ножни прсти ми се свиткани. Стапалата ми крвареа од премногу танцување, а ноктите ми отпаѓаа и ми стануваа црни. Кога сега си ги гледам нозете, тие имаат големо значење за мене“, раскажаЛА актерката на почетокот на својата кариера

 

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....