05:07 - 11 ноември, 2026

Пејачката Сиа снима филм со кој ќе им оддаде почит на лицата со аутизам и на нивните негуватели

Пејачката го објави планот да режира филм во 2015 година на Филмскиот фестивал во Венеција, но ѝ беа потребни пет години идејата да созрее и конечно сега да се реши да седне во режисерското столче.

За да ја реализира долгогодишната желба да режира филм, на популарната пејачка ѝ помогнал сценаристот Далас Клејтон, со кого таа соработува за снимањето на филмот „Музика“, нејзино режисерско деби.

– Си помислив: „Колку тешко може да биде да режираш филм. Мора да е исто како снимањето видеоспот, но секој ден во рок од 40 дена? – вели таа.

Во филмот „Музика“ главните улоги ги имаат Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор, заедно со Меди Зиглер, девојчето што се прослави со спотовите на Сиа.

Барала актери преку Твитер

Хадсон ќе ја глуми слободумната девојка Зу, која се оддалечила од семејството, но мора да се врати во родното место за да се грижи за својата полусестра Мјузик, која ја глуми Зиглер, тинејџерка со аутистичен спектар. Во тоа ѝ помага соседот, кој го игра Лесли Одом Џуниор.

Сиа открива дека Твитер го искористила за кастинг, односно пратила порака дека бара актери за филмот што предизвикало голем интерес.

За Зиглер која го игра насловниот лик, Сиа вели дека е најпрофесионалната личност со која работела досега.

– Во филмот Меги глуми девојка која не зборува, но има ехолалија и повторува сè што ќе слушне или што некој ќе ѝ каже, но не го генерира со својот глас – потенцира Сиа и вели дека не сака да ја каже дијагнозата директно, бидејќи не сака да навреди некого.

Нови 10 песни

Филмот изобилува со музика, односно ќе донесе нови десет песни. Низ фантастичните музички секвенци, Сиа ќе го прикаже алтернативниот свет во кој живеат Мјузик и другите карактери. Таа соработуваше со костимографката Кристин Вада („Старосватици“), која ѝ помогнала да ја реализира својата визија.

– Направив скици за сите костими кои сакам да ги носат ликовите, но во конечна реализација ми помогна Кристин, која воедно ги подобри моите идеи. Јас ги сакам филмските костими, можам да ги нацртам, но не знам да ги изработам – објаснува пејачката за оваа соработка.

На првиот ден од снимањето Сиа ги собрала сите актери и екипата и им рекла:

„Сакам да работите секој ден знаејќи дека со филмот се обидуваме да покажеме љубов кон сите кои се грижат за лица со посебни потреби и сите луѓе со аутистичен спектар. Филмов е за нив. Ако успееме сите ние да си го намалиме своето его, тогаш ќе добиеме прекрасно дело“.

Сиа открива дека по неколку денови морала да отпушти двајца од екипата.

Пејачката вели дека додека растела сакала да биде актерка, но кога живеела во Италија почнала да пее караоке, а диџејот ѝ дал околу 80 долари за да пее на следната песна што тој ја компонирал.

– Другото е историја. Потоа станав пејачка, но многу сакам да имитирам гласови и да раскажувам приказни – завршува таа.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....