13:53 - 1 април, 2026

Паднал системот – 1,6 милион луѓе чекаа да купат карта за новогодишниот концерт на Пријовиќ. Мрежите горат од коментари и поради – цената!

По кратка пауза поради бременост, Александра Пријовиќ одлучи да направи спектакуларно враќање на сцената. Таа објави дека на новогодишната ноќ ќе настапи во Павилјон 5 на Загрепскиот саем, на дневна забава што започнува во 14 часот, а нејзините обожаватели буквално го срушија системот за продажба на билети штом се појавија влезниците!

Интересот бил толку голем што системот брзо се распаднал под товарот на дури 1,6 милиони обиди за купување, пишува dnevno.hr.

Сепак, покрај еуфоријата и нетрпеливоста повторно да ја видат во живо, мрежите горат од коментари поради – цената!

Влезниците за концертот на Александра се распродадоа за само неколку минути, но многумина беа изненадени кога видоа дека билетите достигнаа неверојатни 700 евра!

„Па дали е ова реално? Дури ни билет за Леди Гага не чини толку!“, е само еден од многуте коментари што ги преплавија социјалните мрежи.

Сепак, обожавателите застанаа во одбрана на нивната миленичка: „Тоа сигурно е цена по маса, за 6 или 8 лица, Александра вреди секој денар!“, пишуваат нејзините обожаватели.

И додека коментарите се нижат, страницата за билети – падна! Огромниот интерес буквално го собори, па многумина останаа без можност воопшто да добијат билети.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....