07:47 - 2 ноември, 2026

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ е во брак со фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ. Со нивниот брак, целото негово семејство стана предмет на интерес за медиумите и јавноста.

Родителите на Немања, Оливера и Небојша, ретко се појавуваат во јавноста, но познато е дека потекнува од вистинско спортско семејство. Неговиот татко, кој воедно е и свекор на Анастасија, бил фудбалер.

Небојша ја започнал својата кариера во Босна, а потоа преминал во Партизан, каде што играл три години. Подоцна настапувал за шпанските клубови Логроњес и Леганес. Девет години минал во Холандија, одигрувајќи дури 300 натпревари за Бреда, а својата кариера ја завршил во 2006 година во Спарта.

Дури и по завршувањето на професионалната кариера, останал во фудбалот и моментално работи како технички директор во еден кинески клуб.

Како што открил самиот Небојша, вистинскиот столб на нивното семејство е неговата сопруга Оливера. Таа издржала сè – од тренинзите, патувањата и карантините на сопругот, па сè до воспитувањето на нивните три деца, кои речиси сама ги извела на правиот пат.

На кого најмногу личи Немања? Оставаме на вас да процените!

Фото: Скриншот

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....