11:26 - 10 ноември, 2026

Ова е менито со кое Гоца Тржан ослабнала 10 килограми: Јадела двапати дневно, а од ова веднаш се откажала

Instagram

Гоца Тржан (50) подолго време се борела со вишокот килограми, особено по породувањето. Еден ден открила како конечно успеала да ослабе – тајната, според неа, е во драстично намалени порции.

„Нема магичноапче. Мора да се откажеш од нешто. Најголем предизвик за мене беа лебот, тестенините и грицките“, изјави Гоца.

Јаде двапати дневно, во мали порции, и внимава да не се прејаде. Ако пак се случи да претера, следниот ден гладува и напорно вежба.

Со помош на нутриционист, добила мени според кое ослабела 10 килограми. Еве како изгледа:

Ден 1

Појадок: пудинг од чиа со боровинки и кокос

Ручек: кремаста туна со салата и ореви

Вечера: ролни од мисиркини гради со крем сирење, праз и салата

Ден 2

Појадок: кето чоколаден пудинг со авокадо и бадемово млеко

Ручек: сланина со зелка или кељ

Вечера: модар патлиџан и тиквици со моцарела

Ден 3

Појадок: зелен смути со спанаќ, авокадо и кокосово млеко

Ручек: стек салата со свежа зелена салата и дресинг

Вечера: супа од тиквици со куркума

Ден 4

Појадок: крем од чоколадо и малини

Ручек: грилован лосос во листови зелена салата

Вечера: салата со варено јајце и протеински леб од бадемово брашно

Ден 5

Појадок: чиа чоколаден пудинг

Ручек: салата „Калифорнија“

Вечера: тортиљи од кокосово брашно со зеленчук

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....